Со крст на грб патува низ светот веќе 26 години (Фото)


Одлучен христијански евангелист решен да ја покаже својата посветеност на верата, на таков начин што во последните 26 години носел огромен крст на грбот илјадници километри, ширум светот.Линдзи Амон (60) патувал низ 19 земји, вклучувајќи ја Индија, Нов Зеланд, Романија и Шри Ланка. 

Иако бил избркан од плоштадот Свети Петар во Рим, потоа во Бангладеш бил застрелан и бил нападнат од страна на религиозен фанатик, тој сепак продолжил со својата мисија.

n61419
„Луѓето реагираат кога ќе ме видат, започнуваат разговор со мене и ги споделуваат најдобрите приказни од својот живот. Љубовта која ја добивам од ова е неверојатна“, вели Хамон.
Дрвениот крст е висок 3,6 метри и широк 1,8 метри, а почнал да го носи од 1987 година, понекогаш и по 12 часа дневно. Од тогаш поминал само неколку недели без него.
Хамон е татко на две деца, добива дарежливи донации од луѓето кои го подржуваат, па тој може да продолжи по патот по кој тргнал, а луѓето кои што ќе го сретнат често му нудат храна и преноќиште. Сепак мора да работи како негувател во својот роден град Комборна во Англија за да може да ги плати сметките за неговото семејство.
„Се обидов да ја напуштам работата, за да се посветам целосно на ова, но немав доволно пари“, вели Хамон.
Во моментов патува низ Англија, а во мај планира да оди во Латвија, а потоа и во Камбоџа.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1