Очаен обид на ОИК во Струга – ја отфрлија листата на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и покрај одлуката на ДИК


Општинската изборна комисија од Струга донесе решение со кое ја отфрли заедничка листата на кандидати за членови на општинскиот совет поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ .

strugakicev-640x307Членовите на Општинската комисија до рано утринава расправале по одлуката и со мнозинство гласови одлучиле да не ја прифатат заедничка листа на кандидати на двете најголеми партии од македонскиот политички блок, но, според претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани, за тоа постои и образложение.

– Откако ја добивме одлуката, јас како претседател на ОИК свикав итна седница на која се разговараше за неа и одлучивме да ја одбиеме со мнозинство гласови, тројца беа „за“, еден „против“ и еден „воздржан“. Против ова решение на ОИК може да се поднесе  жалба во рок од шест часа од приемот на решението, изјави Хани.

Според Владимир Стојкоски, овластен претставник на СДСМ во ОИК Струга, општинската комисија ги известила македонските партии дека заедничката листа е неприфатлива и оти треба да се отстрнат неправилностите во неа.

sdsm vmro

– Според ОИК како неправилност беше констатирано дека 12 од кандидатите  за советници предложени од наша страна, претходно се јавувале како кандидати за советници во листата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. При тоа, ОИК не постапи по одлуката на ДИК во која јасно беше наведено  дека решението со кое е прифатена листата на ВМРО-ДПМНЕ е поништена. Се потрудивме усно да образложиме, а потоа и писмено, дека ги отстранивме наведените неправилности, но и после тоа ОИК не ја прифати листата при што донесе решение со кое таа се отфрла, вели Стојкоски.

Како што објаснува Стојкоски, заедничката листа на кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ била поднесена во законски определениот рок. Претходно, како додава тој, ВМРО-ДПМНЕ ја повлекла својата советничка листа и тоа било потврдено со одлука на Државната изборна комисија која била доставена и до ОИК Струга.

– Одлуката на ДИК е облигаторна за ОИК, што значи дека општинската комисија излезе надвор од своите ингеренции. Поднесовме тужба до Управниот суд во Скопје, кој треба да реши во рок од шест часа од приемот на тужбата, вели Стојкоски.

Денеска никој од струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да ја коментира одлуката на Општинската изборна комисија во Струга.

Сител

ДО 18 ЧАСОТ ОДЛУКА – ЌЕ ИМА ЛИ ЗАЕДНИЧКА ЛИСТА НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ВО СТРУГА

ПАДНА ОДЛУКА – УПРАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ЗАЕДНО ВО КИЧЕВО

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1