Дали СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, ќе имат заеднички настап во Струга, ќе одлучи Управниот суд во Скопје кој во моментов заседава, рокот да ја донесе одлуката е до 18 часот.
До ова дојде откако ОИК Струга на итна седница, што се одржа синоќа, спротивно на одлуката на ДИК која ја поништи кандидатсклата листа за советници на ВМРО ДПМНЕ во Струга, не ја прифати предложената листа на советници на СДСМ.
Подносителот на кандидатската листа ја обжалил одлуката на ОИК Струга до Управниот суд во Скопје, кој по истата треба да се изјасни во рок од 6 часа. Од СДСМ очекуваат судот да ја потврди одлуката на ДИК, за која според нив, ОИК не смеела да расправа.
Се очекува одлуката по однос на новонастанатата политичка ситуација во Струга, Управниот суд да ја донесена најдоцна до 18 часот.