Фотографијата на двајца млади како се бакнуваат “обвиткани” со знаме на Хрватска и на Србија предизвикала широка политичка дебата на интернет форумите во овие две држави .
Фотографијата била објавена на фотосервисот “Имгур” и на неа се момче – со српско знаме и девојка – со хрватската “шаховница”
Еве како настанала оваа фотографија:
Колеџот “Јунајтед Ворлд” во Мостар собира повеќе од 40 различни националности. Оваа година се одржувала Културна парада за да се одбележи 50. годишнината на движењето “обединет свет”.
Сите со гордост ги носевме звоите знамиња. Низ мостарските улици и на бошњачката и на хрватската страна. Мојот пријател Србин ја држеше за рака девојката Хрватка. Кога една старица ја праша девојката како може да биде во врска со Србин, таа го бакна.
Тогаш ја направив оваа фотографија. Тоа не е ништо посебно. Само еден пар кои си искажуваат љубов. За нас овде во Мостар тоа е доказ дека новите генерации не се подготвени да продолжат со војната во нивната свест, напишал авторот на фотографијата.