Кога балсамираното тело на покојниот Хуго Чавез, ќе биде поставено во стаклен ковчег, тој ќе им се придружи на светските лидери чии тела ќе останат сочувани за навек… или се додека нивните „чувари“ можат да ги зачуваат.
Балсамираното тело на аргентинската политичарка Ева Перон беше изложено пред очите на јавноста некое време по нејзината смрт и во план било создавање мавзолеј во стилот на Ленин. Но телото исчезнува во воениот удар во 1955 година, а во 1971 година е пронајдено и повторно е изложено за јавноста.
Телото на папата Јован XXIII лежи во црквата Св Петар во Рим од 1963 година. Телото било балсамирано пред да биде поставено во црквата и до ден денешен е добро сочувано. Во 2011 година беше јавно изложено во Ватикан.
Телото на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил лежи во стаклен ковчег во Спомен палата во Пјонг јанг од 20 декември, 2011 година.
Телото на неговиот татко Ким Ил Сунг, исто така е балсамирано по неговата смрт во 1994 година и се наоѓа во јавен мавзолеј.
Телото на Советскиот комунистички лидер, Јосиф Сталин беше балсамирано и приложено до телото на неговиот претходник, Ленин. Сепак, тоа беше подоцна отстрането како дел од процесот на де-сталинизација во 1961 година.
Русите, кои ја усовршија оваа пракса ги имаат поставено телата на Ленин и Сталин во јавна поставка. Балсамираното тело на Ленин е поставено во голема гробница близу Кремељ, набрзо по неговата смрт во 1924 година.
Факултети