Предметите за имотите на Македонците од Егејска Македонија вратени во грчките судови


Околу 8.000 предмети за имотите на Македонците од Егејска Македонија се вратени од Стразбур во првостепените судови на Грција.

55783-sudТашко Јованов, претседател на здружението „Македон“, на денешната панихида за паднатите борци од егзодусот во Егејска Македонија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип рече дека од Судот за човекови прва во Стразбур добиле насока, најпрво правата за одземаните имоти да ги бараат во грчите судови.

– Ако во наредните два до три месеци не добиеме позитивен одговор од судовите на Егејскиот дел на Македонија во Грција, одиме на втор степен, во судовите на Егејскиот дел на Македонија. Ако добиеме негативен одговор, ќе одиме директно во Стразбур, истакна Јованов.

Тој забележува доколу спорот со името се реши меѓу Македонија и Грција, предметите за имотно-правните односи, но и за македонското прашање во Грција побрзо и поеднаставно ќе се решат.

Како што рече претседателот на „Македонски Егеј“ Јорадн Тунев, целта на денешната панхида кој е традиционална, е семејствата да се потсетат и да им оддадат почит на нивните најмили настрадани во егзодусот.

Дененшен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1