Џералд Д, Кли, пензиониран психијатар и експерт за ЛСД, кој учествувал во тајните експериметни со халуциногени дроги на војниците кои доброволно се јавувале во американските воени бази, во педесетите години на минатиот век, почина на 86 годишна возраст.
Кли почина вчера утрината по компликациите по направената оперција во Сент Џозеф, во Медицинскиот центар во Товсон, изјавило неговото семејство. 1975 година, Кли ги потврди наводите дека Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд, при институтот за психијатрија, извршувал тајни експеримети во периодот од 1956 до 1959 година, кога на стотина војници им давал LSD.
Тој изјави дека покрај LSD, војската експериментирала со други халуциногени, супстанци, што било дел од програмата со хемиското вооружување.
„Голем процент на луѓето кои биле вклучени во истражувањето во оваа област, биле луди и неодговорни. Тимоти Лири му бил најдобриот пример, а голем број од работите кои ги објавил тоа и го потврдуваат“.
Волонтерите биле мажи, а меѓу нив имало и неколку подофицери, но воглавно биле војници од најнизок ранг, неписмени и прилично наивни, на кои им е речено дека ова прашање е од национална безбедност. Сега луѓето знаат што е волонтирање, а тогаш само ги гледале бенефициите, а тоа е слободното време. Можеле да си ги видат своите девојки и мајки и слични работи, а повеќето од нив уживале во експериментот, вели психијатрот во интервју во 1975 година.
Пред да почне со експериментите, Кли на себеси си го испробувал LSD-то.
„Мислев дека ако веќе ги проучувам овие работи, тогаш морам и сам да ги видам ефектите од истото.
Почувствував морална обврска да го пробам експериментот, а и поради тоа што не би било фер да на луѓето им дадам супстанца, која што јас ја немам испробано“, отворено изјавил Кли.
Претседателот на САД Ричард Никсон, ја отфрлил употребата на LSD, како хемиско оружје, што е секако добар потег, пред се поради непредвидливоста на оваа супстанца.
Доктор Џерард Кли ќе остане запаметен како еден од најпознатите психијатри на својата доба, кој дал допринос со познавањето на делувањата на дрогата на човечката психа и тело.