Шведската принцеза Лилијан, која по потекло е од Велика Британија почина денес на возраст од 97 години.
Таа беше по потекло од Велика Британија, а нејзината љубовна романса со нејзиниот маж стана најпознатата љубовна приказна во Шведска.
Принцезата Лилијан е родена во август, 1915 година, а со нејзиниот маж, принцот Бертил, се запознале во Лондон за време на Втората светска војна.
Но нивната врска морале да ја држат во јавност со децении, затоа што според кралските правила еден принц не смее да се ожени со обична граѓанка.
Нивната љубовна приказна за среќа завршила убаво, па тие по низа несреќни околности конечно нашле шанса и официјално да се венчаат.
Принцезата Лилијан починала мирно, во сон, во својата куќа во Стокхолм.