Ќе има ли крај на ,,комшиското,, гласање – нови правила за Евровизија


Организаторите на Евровизија сакаат што е можно повеќе да се намали влијанието на таканареченото соседско гласање, а изведувачите ќе треба повеќе да се потрудат и освен на публиката, да му се допаднат и на жирито.

evrovizijaСекоја песна ќе добие гласови и од жирито и од публиката. Досега само десет песни беа оценувани со поени од 1 до 12 (но без 9 и 11 поени), но тоа веќе нема да се применува. Од оваа година жирито ќе ги рангира сите песни освен својата, а исто ќе биде и со гласовите од публиката.

Песната која има најмал збир на позиции ќе добие 12 поени, со што се дава шанса и на песните кои ќе добијат просечна наклоност кај публиката и жири комисијата да добијат поени при гласањето.

Целта на овој нов систем на оценување е да се намали влијанието од гласовите од публиката, каде соседни земји постојано си даваат 12 поени без разлика на квалитетот на песната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1