Криза во Европа – дали невработеноста ќе го затскрие враќањето на фашизмот?


Фашизмот има свои корени во Европа уште од периодот од 1920-те годни и 1930-те, со огромните господарски неуспеси во кои финансиската елита не успеала да ги препознае политичките последици на невработеноста. Додека историјата не може да се повтори така уредно и идентично, појавата на нови политички партии кои говорат за невработеност и сиромаштија, може да доведат до влада, која ќе го превзеде своето господарење со светот и ќе управува со директивите и манипулациите.

eurozoneЕвропа е жариште на оваа криза.  Јазолот на сите расправи во Европа е како да се реши должничката криза, и резултатите од заканата за Европските банки. Прашање е кој ќе го сноси целиот терет на стабилизација на системот.

Аргументите кои полека ги изговараат сите е дека европската елита бара Европа да биде построга, за да државната потрошувачка биде драматично содржителна и намалена, така што државниот долг, сепак да може да се реструктуира. Една од последиците на штедење е рецесијата. 

Погледнете ја географијата на невработеност. Само четири земји во Европа се под 6% невработеност – Германија, Австрија, Холандија и Лукембург. Непосредната периферија има далеку поголема невработеност. Данска, 7,4%, Велика Британија 7,7%, Франција 10,6% и Полска 10,6%. На крајот Италија е со 11,7%, Литванија 13,3%, Ирска 14,7%, Португалија 17,6%, Хрватска 22%(службено) или 35%(неслужбено), Шпанија 26,2% и Грција 27%.

demonstrators-burn-flag-emblazonedГерманија ја гледа Еу како зона на слободна трговија, важна за нејзиниот опстанок. Без слободен пристап тим на пазарот, нејзиниот извоз драматично ќе падне, а невработеноста би пораснала. Еврото е алат кој Германија со своето претерано големо влијание го користи за управување на своите трговски односи, а тоа управување ги става другите членки на еврозоната во неповолна положба.

Дури и Франција која има релатинво ниска стапка на невработеност, има сложена приказна. Невработеноста во Франција е концентрирана на два главни пола, на север и на југ.

Доколку ја погледнете картата јужно од Европа која е погодена со голема невработеност и Источна Европа која не е така сосема лоша, но, Германија, Австрија, Холандија и Луксембург останаа релативно неповредени. Колку долго ќе трае тоа, со оглед на рецесијата во Германија, е друга работа, но контрастот говори за создавање на геополитика во религијата.

Greeks protest against e visit of German Chansellor Angela Merkel in AthensПортугалија, Шпанија, Грција се во депресија. Нивната стапка на невработеност е приближна на онаа во САД. Правилото кое се користи да за секое невработено лице, е дека со него се погодени уште три лица, дали сопругата или децата, или некои трети.

Тоа значи дека кога невработеноста ќе достигне 25%, речиси секој е зафатен од истата. На 11% невработеност околу 44% од луѓето се погодени.
Може да се каже дека броевите не се сосема лоши како што се чини, затоа што има голем број на луѓе кои работат на црно.

Тоа може да биде вистина, но во Грција, има голем број на отпуштања, а ништо не е подобра и шпанската локална самоуправа која планира да отпушти доста вработени. Тоа се земји кои ја достигнаа критичната точка од која е тешко да се замисли целосно закрепнување. Во остатокот од перифериите во Европа, кризата на невработеност се интензивира.

Политичката последица на високата невработеност

the-euro-aka-debt-slavery-2.0Важно е да се разберат последиците од ваквиот вид на невработеност. Тоа е долготрајната невработеност на поткласите. Овој слој на невработени ќе ја погоди средната и горната класа на работници. Со сиромаштијата е тешко да се управува, но кога е истата поврзана со губитокот на статусот, болката е сложена и од тоа произлегуваат нови политички сили.

За јужна Европа, каде што социјалната криза ќе остане долгорочно, како и за источна Европа, не е јасно како ќе ги исплати своите долгови. Тие можат да го замрзнат пазарот на капитал, но цената да се провонгира кризата на нееднакво делење, ќе резултира со топење на политичката база во корист на штедењето.

HUNGARY-SERBIA-EU-BORDERТаа сложеност предизвикува продлабочување на непријателството кон Германија. Таа себе си се гледа како чесна кога се работи за штедливоста. Другите ја гледаат како алчна во својаот агресивен извоз, а најважно е дека Германија не извезува невработеност. Фактот дека гледаме се повеќе ралика меѓу германскиот блок и остатокот од Европа, е еден од најзначајните настани од кога кризата почнала.
Растечката напнатост меѓу Франција и Германија е особено важна. Францускиот Германски однос не бил само еден од темелните принципи на Европската Унија, туку и една од причините поради која постои ЕУ.

По две светски војни, факт е дека мирот во Европа зависи исклучиво од Франција и Германија. Односите не се иделани но, се далеку од напнати. Германија сака да ја види Европската средишна банка како продолжува со својата политика со наглас на контрола на инфлацијата. Тоа е во германски интерес. Франција со речиси 11% невработеност, треба преку Европската средишна банка да влијае на европскиот пазар, како би ја намалила невработеноста.

Greece-Euro-Crisis-300x199Ова не е комлицирана расправа. Тоа е расправа околу тоа кој ја контролира Европската средишна банка, што е приоритет во Европа и конечно, како Европа може да опстане со таква огромна разлика на невработеност.

Еден одговор може да биде да се зголеми процентот на германската невработеност. Тоа би можело да го ублажи анти германското чувство, но тоа нема да го реши проблемот.

Невработеноста во големиот број на земји, се чини дека може да ја поткопа политичката моќ на владата која продолжува со политиката потребна за управување со финансискиот систем.

nazi-eagle

Фашизмот си имал свои корени во Европа во огромниот неуспех во кој финансиската елита не успеа да ја препознае политичката последица од невработеноста. Членовите на политичките партии се смееле на скитниците кои продавале разгледници на улица и им ветувале чуда ако само тие кои се одговорни за бедата на земјата бидат исчистени.
Тоа е она што се случи по Првата светска војна. Тоа не се случило по Втората Светска војна затоа што Европа била окупирана.

Но, кога ќе ја погледнеме стапката на невработеност, денеска разликата меѓу религијата, фактот дека не постојат ветувања за подобро и тоа што средната класа целосно се нафрлила во иселување, можеме да ги видиме само истите обрасци кои се формираат.

adolf_hitlerИсторијата не се повторува така уредно, Фашизмот во смисла од 1920-30 години е мртов. Но појавата на нови политички партии кои говорат за невработеноста и новата сиромаштија е нешто што е тешко да се замисли дека не се случува.

Дали тоа е партијата на Златна Зора во Грција, или каталонското независно движење, растот на партиите кои сакаат да го редефинираат системот, кој се нафрли против средната класа е неизбежен. Италија едноставно, повторно мора да го испроба.

Кризата на невработеност, и политичката криза ќе ги поткопа сите институции на Европа која ги создаде со крајни маки. Во текот на изминатите 17 години, Европа напредувала, но тоа беше период од едниот од најпросперитетните времиња во историјата.

Сега наиде на една од ноќните мори, на сите земји, стара и длабока ноќна мора. Невработеност во масовна мера. Тестот на Европа не е суверениот долг. На крајот, сепак, ќе можат ли да се исфрлат старите и лоши навики на вкоренетата невработеност?

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1