Сакаат само лични полицајци – ниските, дебелите и агресивните ги тргнуваат од улица


Властите во Ханој, главниот град на Виетнам, ги отстрануваат ниските, дебелки и агресивни полицајци од улиците, како би го поправиле угледот на полицијата, кој бил нарушен со злоставување и корупција. По одлуката на службениците, инспекторите започнале да ги набљудуваат полицајците на должност, со цел да го увидат најлошото кај нив.


policaec vietnam„Ниските полицајци, кои имаат преголем стомак ќе бидат преместени на други работни места во канцелариите, за да не доаѓаат во контакт со јавноста“, изјавил шефот на сообраќајната полиција Дао Вин Танг.
Полицајците со прекумерена тежина, исто така ќе мораат да посетуваат часови по физичка култура. Оние кои се на улица ќе носат со себе кодекс на однесување.
Ова е последниот чекор во она што е одлучено од страна на сообраќајната полиција во Ханој, откако тие имале голем број на поплаки од полицијата.
Во 2011 година, полицијата забрани да се носат очила за сонце и да се кријат зад дрвјата или грмушките и да ги чекаат во заседа невнимателните возачи и да изнудуваат парични казни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1