Парфем со зомби – арома


Дали би сакале да поседувате парфем кој ќе има арома на зомби? Со најновата лимитирана колекција на брендот Demeter Fragrance Library тоа е сосема возможно!

Деновиве овој бренд го промовираше најновиот машки и женски парфем од колекцијата инспирирана од зомби.

a2Машката везија содржи ноти на суви лисја, печурки, земја, мов и мувла, додека пак женската верзија е помалку наситена со овие необични состојки и кон неа е додаден екстракт од талогот на дното на винско буре. Токму оваа нота се смета за поженствена и подобро го доловува зомби темпераментот кај една жена, констатираат од брендот.

Парфемите од оваа колекција во САД ќе бидат продавани само до 30 април по цена од 20 долари за шишенце.

Ова не е прва колекција со необични ароми на брендот Demeter. Претходно ги претстави парфемите со мирис на дожд, трева, бура, хартија, течно лепило и сите можни десерти.

365

Zombie-Perfume

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1