Шведска: Родители шокирани – свештеници делеле на деца „сексуални дипломи“


Дипломите за секс кои ги добивале тинејџерите во еден младински камп на шведската лутеранска црква ги шокираше родителите кои сметаат дека нивните 14-годишни деца се премногу млади за да се впуштаат во сексуални односи.

svestenik svedskaПосле посетувањето на курсот под наслов „Љубов и сексуалност“, кој е организиран за децата од еден верски камп во Ронебиј во југоисточниот дел на Шведска, момчињата и девојчињата добивале „потврда“ дека се подготвени за секс.

Свештеникот Матс Ола Нилен изјави дека курсот го организирало лице кое се претставува како член на Шведското здружение за сексуално образование (RSFU), но дека црквата подоцна дознала дека таа веќе со години не работи за таа организација.

Сомнежот  во исправноста на нејзиното делување се појавила откако неколку родители му се пожалиле на Нилен заради овие „дипломи“ истакнувајќи дека така млади деца се уште не се подготвени за секс.

Родителите, исто така биле вознемирени поради употребата на некои колоквијални изрази.

– Сите активности во кампот се однесуваат на разни аспекти на другарство и меѓучовечки односи, рече Нилен, додавајќи дека се чувствува изневерено од наводниот инструктор, која на часовите носела маици со логото ФСФУ.

svestenik-ubio-decake-katolicki-monah-brat-andreas-morfijum-bolesna-deca-g-1341002499-179679– Младите порано се жалеа дека црквата не разговара за тие прашања, рече свештеникот објаснуваќи ја причината за организирањето на еден таков курс.

Тој наведе дека барал да присуствува на часовите, но дека му било речено  да не доаѓа за да можат тинејџертите отворено да разговараат.

– Според шведскиот закон, младите можат да се впуштат во секс со навршени 15 години, потсети Нилен.

Во РФСУ наведуваат дека оваа организација престанала да издава „потврди за секс“ уште во 2007 година, како и дека тие дипломи биле дел од кампањата чија целна група не биле млади луѓе.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1