Путин ќе ја “челичи” младината со вежби од Сталин – му помага лично Сегал (Фото)


Сигал и Путин биле специјални гости на отворањето на новата школа за боречки вештини „Самбо – 70“, каде ќе се изучува боксот, сумо борење и руската боречка вештина самбо.

putin segalПутин и Сигал се запознаа во 2003 година на меѓународниот филмски фестивал во Москва и од тогаш станаа доста добри пријатели, а минатото лето учествувале заедно на еден турнир за боречки вештини во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин, истакна дека повторно ќе го воведе ГТО, што е руски акроним за програмата за подготовка за работа и одбрана, за да ги научи децата да бидат подготвени за себе, за своето семејство и на крајот за татковината

Путин повика на заживување на програмата за физички вежби од времето на СССР, кој во тоа време барал од сите ученици да полагаат тест за физичка способност.

segal4segal3Путин, кој страствено вежба џудо и е носител на црн појас а е и редовен пливач, рече дека повторното воведување на ГТО ќе ги подготви децата за себе, за семејството и за татковината. Праксата ГТО, била воведена во 1931 година, во време на владеењето на Сталин, и истата барала сите деца на училишна возраст редовно да полагаат тестови за физичка подготвеност.

Оние кои успешно ќе ги поминеле тестовите, добивале сребрени или златни значки. Таа програма со тек на време губела на својот престиж и престанала да се применува со распадот на СССР, во 1991 година.

putin segal2Оттогаш учениците, кога станува збор за физичките тренинзи, воглавно се оставени сами на себе.

Путин започнал да вежба џудо на 14 години и своевремено освоил трето место во категоријата на јуниори, а бил и сениорски првак во Москва.

Тој е и еден од авторите на книгата “Научете џудо со Владимир Путин” во која на јасен начин е прикажана историјата, филозофијата и техниките на џудото.

извор: макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1