Во обид да откријат што е можно повеќе за интимниот живот на новоизбраниот папа, светските медиуми се преплавени со фотографија на постара жена, за која наводно се верува дека некогаш била девојка во која актуелниот папа бил заљубен.
-Омажи се за мене, или ќе се замонашам- рекол Берголио кога имал само 13 години
Светските медиуми, само еден ден по прогласувањето на новиот папа Франциск будно го истражуваат секој дел од неговиот живот. Покрај тоа, познато е дека е исклучително скромен како и дека е свештеник на сиромашните, откриена е Амелија! Станува збор за жена, фатална за тогашниот Хорхе Марио Берголио.
Аргентиските медиуми ја пронашле Амелија, која пред многу години била запросена од новиот папа, но таа одбила, По големото разочарување тој станал свештеник.
-Омажи се за мене, или ќе се замонашам-рекол Берголио. Тогаш тој наводно имал 13 години. Меѓутоа сепак заминал во црквата со 33 години.
-Нашата љубов ја прекина мојот татко. Во една прилика мојот татко прочита писмо кое тој ми го испрати. Ме истепа затоа што не ми дозволуваше да си играм со момчиња- рече Амелија. Во споменатото писмо сегашниот папа ја нацртал нивната заедничка куќа која ќе и ја купи на Амелија кога ќе се венчаат.
Сепак таа вели дека со духот сеуште е со Берголио.
-И денес сме сродни души затоа што двајцата ги сакаме сиромашните. За жал родителите успеаја да не разделат и оттогаш не сум го видела- признава Амелија.