Хашкиот трибунал не открива детали околу процедурата за помилување на Јохан Тарчуловски. Предметот е во рацете на претдседателот на судот. Кога тој ќе донесе одлука, засега никој во Хаг не сака да проценува. Но, според процедурите, Тарчуловски ќе биде првиот кој ќе ја дознае конечната одлука.
Со денешниот 15 март се исполнуваат законските процедури за предвремено ослободување на Тарчуловски. Претседателот на меѓународиот кривичен суд ќе ги анализира сите постапки пред да биде донесена одлуката.
Македонската јавност очекува позитивна одлука на судот во Хаг, по што Тарчуловски ќе може слободно да се врати во Македонија.
Во исчекување на одлуката од судот низ Скопје може да се приметат графити со наслов – “Македонија чека… Слобода за Јохан!!”
Извор/Фото – Сител