Падна 7-ка на Лото – некој македонец ќе си земе 280.000 евра


282 илјади евра ќе добие среќникот кој вечерва ја освои главната премија на Лото на Државната лотарија на Македонија. Добитникот освоил дури 21 шестка и една седумка.

lotoДобитното ливче било уплатено во центарот на Скопје кај киното Вардар.

Сеуште не е познато за кого се работи ниту дали добитникот воопшто ќе сака да го олткрие својот идентитет.

Ова е петти добитник на главната премија. Претходно седумка добија две жени и двајца мажи. Жените беа похрабри па се појавија пред јавноста додека мажите останаа анонимни. Последната добитничка од Свети Николе дел од средставата донираше и за СОС Детското Село.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1