Нов живот: Бездомникот кој го врати прстенот по 16 год си ја пронајде и сестрата (Видео)


bezdomnik 3Еден добродушен гест му донесе многу повеќе богатство во животот на еден бездомник од Мисури, отколку што човек може да се замисли.

Добрината се враќа – кога тогаш.

Освен што доби светска слава, бездомникот кој го врати вереничкиот прстен сега си го најде и изгубеното семејство.

По цели 16 години ја пронајде својата сестра која го препознала токму преку видеото снимено за неговиот гест.

bezdomnik prsten

bezdomnik prsten 2

Били Реј Харис, новинар  напишал текст, а избил на насловната во весникот, за гестот на бездомникот, кој и го вратил свршеничкиот прстен на една жена, која случајно го испуштила во чашката додека му давала милостина.

Минатиот месец весникот објави дека илјадници долари биле донирани со цел да му се помогне на бездомникот Харис да добие свој дом.

bezdomnik parТокму ваквата сметка ја отвориле Сара Крејси, жената која што го изгубила прстенот и нејзиниот сопруг Бил Крејси.

Речиси 8000 лиѓе донирале на сметката и досега биле собрани 182,000 долари. До крајот на кампањата има уште 60-на дена.

Но, најмногу што изненадува во целата приказна, е тоа што овој бездомник е побогат од уште една друга причина. Токму Харис си ја пронајде сопствената сестра, со која се нема видено 16 години. Неговата сестра Робин ја забележала неговата фотографија во весниците и успеала да го препознае.

„Кога се свртев го пропознав името. Ја погледнав фотографијата поубаво и си реков, па ова е мојот брат“, изјавила Робин.

bezdomnik5Таа во изјава за локалниот весник, открила дека изгубила контакт со него пред 16 години, а и било кажано дека Харис е мртов. Семејството планира да повторно се обедини во текот на летото.
Харис повеќе не живее на улица, а се надева дека ќе може да успее во музиката, свирејќи во еден бенд. Неговата сестра исто така му помогнала при аплицирањето за вадење на нова лична карта.

„Мислам дека во нашиот свет, често ни се случуваат лоши работи и знаеме да дојдеме до погрешен заклучок. Но, по ваквите ситуации едноставно животот не тера да сватиме дека во истиот сеуште постојат добри луѓе“, изјавила Сара за новинарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1