Болничкото обезбедување го затекнале Патрик Кембел во хируршка униформа и бел мантил со хируршка маска. Тој е забележан додека користел интернет од компјутер во болницата, чија лозинка му ја дал некој од персоналот, кој бил прелажан од маската на Кембел.
Не е познато колку долго Кембел бил во болница, но полицијата верува дека тој барем една ноќ поминал таму. Кембел на полицијата им раскажал дека нема каде да живее, па побарал засолниште во болницата. Тој е обвинет за населување на туѓ имот и незаконски пристап до болничкиот компјутер.
Болничкиот портпаролот изјавил дека на тој компјутер се наоѓаат доверливи податоци за пациенти, но не постои причина за грижа, бидејќи Кембел не ги отворал нив, туку само сурфал на интернет.
Денешен