Тепачка во ноќен клуб во Штип – учествувале синови на познати луѓе?


Ноќеска во Штип тепачка во која учествувале синови на видни луѓе. Едниот, син на познат бизнисмен, а другиот на лидер на опозициска партија.

Полицијата се уште го расчистува случајот, а тепачите се на распит.

tepacka1-1-Топ тема на муабет помеѓу младите штипјани денеска е тепачката која ја предизвикал нивниот сограѓанин М.Н. роден 1987 година, а според информациите на полицијата, син на познат бизнисмен.

Инцидентот се случил во дискотеката Мистик лоцирана во центарот на Штип. Тепачката во полиција ја пријавил тепаниот 22-годишен штипјанец Д.М., кој според лекарскиот извештај, како последица од добиениот ќотек, се здобил со црвенило на лицето и нагмеченици по делови од телото.

Денеска, полицијата ги повика на разговор учесниците во инцидентот, со цел детално да го расчисти случајот. Неофицијално, со предизвикувачот на тепачката бил и син на познат политичар од опозицијата. Од полицијата велат дека работат на утврдување на оваа информација, и во текот на денот ќе излезат со конкретни детали за тепачката.

Извор – Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1