Нема полов орган – а спиел со 100 жени (Видео/Фото)


endru

Триесет и деветгодишниот Ендрју работи како обезбедување, а наскоро ќе биде и првиот човек кој целата машкост му е направена од раката. Овој Британец е роден со ектопична бешика, без пенис и тестиси и иако како млад, со успешна операција му била вратена бешиката на место, недостатокот од машкоста останала.


Но, иднината се променила кога хирурзуте од Лондонскиот универзитет се согласиле да го оперираат и да му земат дел од кожата од неговата подлактица.

penis-anatomy2Хирурзите делот од кожата заедно со крвните садови и нерви, го завиле во цевка и го наместиле во јавниот дел. Потоа по првичното опоравување, му вградиле пумпа која на Ендрју му овозможувала да уринира и да има нормални сексуални односи.

Во разговор за Сан, Ендрју изјавил, „Не верував дека ќе дојде овој ден кога ќе имам функционален пенис. Тоа е неверојатен успех.

Конечно ќе можам да живеам како нормален човек. Работите како водењето на љубов и основање на семејство, кои многумина ги сваќаат здраво за готово, сега стануваат моја реална опција“.

0261007.73

И покрај тоа што немал пенис, Ендрју бил хит меѓу жените, а како што самиот тврди, спиел со повеќе од 100 жени.
„Некои траеле една ноќ, а некои по неколку години. Петина од нив ја знаеја вистината за мене“, вели Ендрју.

„Фактот дека не бев со нив само заради сексот, ме направи попривлечен за жените. Имав шарм и навистина не се, се вртеше околу сексот“.

endrju-kako-dete

Вродениот ефект му направил еден куп проблеми. Неговата мајка која го родила на 17 годишна возраст, веднаш го дала на посвојување.

Поради тоа што постојано бил низ болниците, имал проблем во училиштето, а целиот негов живот ја криел вистината од неговите пријатели и школкси другари.Тој имал проблеми со бубрезите и инфекциите поради кои му биле направени 15 операции, за да му вградат цевче од неговата бешика, за да може да уринира нормално.

Единствената физичка сензација која ја почуствувал биле пеперутките во неговиот стомак, кога на 17 годишна возраст една девојка ја сватила ситуацијата и ја прифатила ваквата состојба. Се забавувале четири години, а потоа прекинале, затоа што таа сакала да искуси некои работи, кои со него не можела.

0262007.74

Не поминало многу време кога Ендрју се осврнал на синтетички дроги како екстази и ЛСД, како начин за да се избори со проблемот.

„Земајќи лекови си направив совршено алиби. Ќе ја однесев девојката во кревет и поради дрогата ќе и речев дека не можам да продолжам“, вели Ендрју.

Ендрју кои работел како бармен, кувар и обезбедување, поради што и често се селел и патувал по Шпанија и Источна Европа, имал многу непријатни искуства кога морал да им рече на дамите дека не може да има секс.

Една девојка дури и го удрила во лицето, а друга пак го изневерувала. Пред две години го допрел дното и се обидел да се убие со претерана доза на апчиња.

Откако им признал на неговите пријатели, тие му рекле дека со напредокот во хирургијата имало решение. Тој планира да напише книга за својот живот и да стане советник за луѓето кои имаат слични проблеми.

Постапката за нов полов орган за Ендрју

endrju-postapka endrju-postapka1 endrju-postapka2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1