Строги казни за родителите што превезуваат деца на предните седишта од автомобилите бараат сообраќајните експерти со цел да се намали бројот на малолетни жртви во сообраќајките.
Во изминатите пет години загинале 27 деца помали од 14 години во сообраќајни несреќи во земјава. Седум деца загинале и во 2011 година, шест во 2010, а во 2009 година загинале четири деца. Загрижува и фактот што во овој период дури 2.554 деца биле тешко повредени.
За непочитување на оваа одредба предвидена е казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка.
Исто така, возачите што во автомобилите превезуваат деца помали од 12 години без безбедносно седиште и понатаму нема да бидат казнувани бидејќи промените на Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, со кои треба да се регулира оваа проблематика, с` уште не се донесени.
Иако од Министерството за внатрешни работи велат дека ги казнуваат несовесните родители што на предното седиште возат дете, сепак, во практика не е така и секојдневно на предните седишта во автомобилите може да се забележат деца што седат во скут и се прилепени на ветробранското стакло или, пак, сами на небезбедно седиште.
Законските одредби во другите држави предвидуваат дете помало од пет години да може да се превезува само на задното седиште, и тоа во посебно безбедносно седиште.
Дете до две години може да се вози на предното седиште ако возилото нема совозачко воздушно перниче или ако истото е исклучено и ако детето се вози со безбедносно седиште поставено спротивно од правецот на движење, а кое е прицврстено за возилото со помош на безбедносен ремен, прицврстен во три точки на врзување.
Експертите велат дека најголемиот број седишта се лоши бидејќи на нив нема јасно изразена скала за висината на рамениците, па изборот на транспортер се врши преку комбинации од тежината, висината и возраста на детето.
Поради тоа, родителите често грешат во изборот и ги ставаат децата во поголеми седишта премногу рано и го зголемуваат ризикот да бидат повредени.
Истражувањата покажале дека 40 отсто од децата што биле сериозно повредени во сообраќајки седеле на погрешно седиште за нивната возраст. Ако детето е над линијата, се преместува на поголемо седиште, ако не, останува на истото. Истата работа може да се направи и на седиштата на автомобилите со просто означување на линија што означува минимум дозволена висина на рамениците за детето да може да се извади од транспортерот и да се префрли на седиштето за возрасни.
Повеќе на – Дневник