На СДСМ ќе му боде очи барокот и на Бихачка – ќе никне зграда во барок стил


„Скопје 2014“ ќе се прошири и на „Бихаќска“. На само неколку чекори од седиштето на зградата на опозицискиот СДСМ и живеалиштето на премиерот Никола Груевски, ќе се гради стилска деветкатница, пишува Утрински весник.

ZGRADA BIHACKA BAROKВо неа ќе се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод, а канцеларии во зградата ќе има и за АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Објектот, кој е дозволено да достигне максимална висина од 29 метри, ќе се гради по идејно решение на Жарко Чаушевски и ќе има неокласичен стил.

Тој досега е потписник и дел од тимот автори на неколку капитални зданија од „Скопје 2014“, тој е автор и на стилските сендвичарници.

Во случајов, делото на Чаушевски било единственото што конкурирало на јавниот повик за зградата на „Бихаќска“. Идејното решение му е откупено за нецели 3.500 евра.

Од владината Служба за општи и заеднички работи очекуваат деветкатницата на „Бихаќска“ да биде готова во 2015 година.

Зградата, најверојатно, ќе се гради на местото на сегашната зграда на Геолошкиот завод, која е стара неколку децении, на „Бихаќска“, за која простории ќе има во новопланираниот стилски објект.

Извор – Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1