Неонацистите и Салафистите се во таинствена војна


Радикалните исламисти во Германија планирале серија атентати на политичари, пред се на лидерите на германските неонацисти.

Со разбивањето на терористичката група на исламисти во покраината Северна Рајна – Вестфалија, во Германија кон крајот на минатата недела отворена е расправа дали е во подготовка, или во тек војна меѓу салафистите и неонацистите, која може да се прошири на целата земја.

nacizamПретходно во дводневни акции специјалните полициски командоси уапсија четворица припадници на салафистичкото движење во Германија во Леверкузен и Дортмунд. Уапсените се осомничени за подготовка и обид на прв во серија планирани атентати на лидери на германските неонацисти, иако зборот сомневање е само израз од полициски жаргон. Сомнежите во крајните намери таа четворка ги нема, со оглед на тоа дека двајца членови од терористичката група биле уапсени по полноќ, во непосредна близина на вилата во која живее лидерот на неонацистичкото движење Про-НРВ Маркус Бајзихт.

Името на неонацистот Бајзихт се нашло на салафистичката листа на проблематични германски политичари. Одбележано е со црвена боја, покрај осум други имиња на функционери на германската радикална десница, што полицијата го толкува како доказ дека терористичката четворка против тие лица директно планирала атентати. Количината на експлозивниот материјал, пред се амониум нитратот кој бил запален во гаража на уапсените четворица, упатувајќи на заклучок дека била планирана монтажа и поставување на повеќе пеколни машини. Меѓутоа, не се исклучува можноста да биле планирани и атентати и на други личности од листата, а дека имињата подвлечени со црвена боја биле цели кои биле доверени на уапсените четворица терористи.

nazi-eagleЈавниот обвинител во Дортмунд, Фолкер Битнер во обраќањето до јавноста истакна дека причина за паника нема, со оглед на тоа дека јавното обвинителство и органите за безбедност навремено влегле во трага на терористите и со месеци ги следеле. – Така дојде и до апсење во моментот кога се посомневавме дека терористите тргнале да направат атентат.

Јавниот обвинител секако не соопшти колку терористи или групи ги следи полицијата, ниту кои се нивните крајни цели. Слично реагираше и  надлежниот директор на полицијата Рајнер Паненбекер. Одби да коментира било каква поврзаност на оваа терористичка група со другите радикални исламисти.

Судејќи според информациите од германското разузнавачко миље, состојбата е посериозна од паушално објаснување кое се пушта во јавноста, а според кое доаѓа до радикални реакции на салафистите на многу провокации кои неонацистите им ги упатуваат, вклучувајќи го тука, на пример и истакнувањето на карикатурата на пророкот Мохамед и други повреди на верски чувства.

– Казнувањето на лидери на дозволени и забранети групи на екстремната десница кои истапуваат во јавноста против исламистите, само е врв на замрзнатата карпа мраз – рече извор од внатрешната служба на германската разузнавачка служба БНД, надлежна за навремено откривање и анализа на тероризмот внатре во границите на Германија.

Според расположливите сознанија, околу 900 членови од 4000 познати салафисти во Германија, подготвени се на насилство, над 200 посетувале обука во терористички кампови на блискиот исток – тврди изворот и додаде дека во овој момент активни се само околу 20 терористи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1