Со оглед на тоа што паричникот многу често ја има пресудната улога при одлуката каде луѓето ќе патуваат и колку нивното патување ќе трае, американскиот интернет портал “SmarterTravel.com” составил листа од 10 светски локации кои што можат да се посетат за пристојна сума на пари, а на листата се наоѓа и една земја од регионот, прекрасната Хрватска.
Сите туристи кои што ја посетиле оваа земја се вратиле воодушевени од културното богатство, топлината на луѓето и фактот дека на патниците за максимално уживање им се потребни по само 38 евра дневно. Исто така, посетителите можат да уживаат во украинските традиционални специјалитети за само неколку евра, а оваа земја има и богата историја.
Во оваа земја може да се изнајми хотелска соба и да се јадат одлични специјалитети по пристојни цени, а во понудата се и бројните попусти и големиот број на други поволни и корисни услуги наменети исклучиво само за туристите. Така, од 1 март до 25 август на странските посетители им се овозможува бесплатен превоз со автобус од Сеул во популарниот град Јеоњ. Исто така, има и бесплатна телефонска служба за туристите и истата е активна 24 часа дневно, а тука се и бесплатните туристички водачи. Земјата се стекна со огромна популарност по светскиот хит на Пси, “Gangam Style”.
Станува збор за спој на старото и модерното, сето тоа вклопено во прекрасниот град на австралискиот остров. Големиот број на продавници и ресторани на самиот брег, живописните уметнички сцени од тасманските музеи и уметнички галерии, како и кулинарскиот опус, го прават овој град сосема посебен во споредба со сите останати.
Централно американската земја која е политички стабилен систем, привлекува со древните рушевини, бујните џунгли, прекрасните плажи и одличните цени. Таа е една од најпривлечните дестинации за голем број на туристи.
Оваа е земја која луѓето ја сакаат поради пристапноста, магичниот спој на гостопримливи луѓе, фасцинантна култура и знаменитости кои вредат да се посетат. Цените се и понатаму драстично пониски во однос на другите популарни азиски земји затоа што Камбоџа допрва ќе се придружува кон економската зона на Југоисточна Азија.
Спектакуларна, пристапна и земја се уште атрактивна за туристите. Станува збор за остров кој што е посочен како задолжителен избор за 2013 година. Децениските војни и природните катастрофи оставиле големи последици, но нејзините привлечни атрибути, како што се сурферските места и импресивните локации заштитени од УНЕСКО, доволна причина се за Шри Ланка да остане атрактивна и популарна туристичка локација.
Станува збор за земја во подем, а цените се уште се на старото ниво. Во последната деценија, туристичката инфраструктура е зголемена за 67%, а огромен позитивен факт е и одличната поврзаност со авионски линии. Античките знаменитости, историските градови и привлечните плажи ја прават Турција дестинација од соништата.
Проширувањето на панамскиот канал ќе биде завршено следната година и оттогаш големи крузери ќе можат да се закотвуваат во пристаништето, а со тоа и поголем број на туристи ќе можат да ја посетат оваа земја. Во понудата се наоѓаат неверојатно дивите и древни плажи, традиционалните јадења по цена од 3,8 евра или животот во луксузен хотел за цена под 93 евра.
Станува збор за регион кој се уште заздравува од најголемиот скандал во историјата предизвикан како последица од излевањето на нафта. За разлика од големиот број на американски држави на овој брег, градовите и местата во Алабама, Флорида, Луизиана и Мисисипи се уште ги задржале пристапните цени за туристите кои што сакаат својот одмор да го поминат на тамошните плажи. Белиот песок, топлата вода и ниските цени го прават овој регион атрактивна туристичка дестинација.
Единствената земја од регионот која што се нашла на овој список е Хрватска, која што била опишана како земја која моментално се наоѓа на раскрсница. Од јули таа станува членка на Европската Унија, што ќе и помогне да вложува повеќе во туристичката инфраструктура. Тоа значи дека туристите полесно ќе можат да ја откриваат оваа дестинација и да пристигнат до истата, но со тоа ќе се настојува и цените да не бидат многу поголеми во однос на оние сега актуелните. Прекрасната Хрватска се нашла на овој список сигурно и поради чистиот и син Јадран, историските знаменитости, прекрасните природни острови и вкусната кулинарска понуда.