Oбдукција вели Брезовски умрел од гушење – се обесил или некој му ,,помогнал,,?


Наодите од обдукцијата откриваат дека рускиот олигарх Борис Березовски умрел со бесење и нема никакви траги што укажуваат на насилна борба, соопшти британската полиција.

(FILES) In this photo taken on August 31Полицијата вели дека ќе бидат извршени дополнителни тестови, вклучувајќи токсиколошки испитувања.

Сепак, полицијата не прецизираше дали 67-годишниот бизнисмен се обесил самиот.
Форензичките испитувања на домот на Березовски ќе продолжат и во наредните неколку дена.

Некогаш еден од најбогатите луѓе во Русија и моќник во Кремљ, Березовски пребега во Британија во 2001 година и доби политички азил во земјата, откако падна во немилост кај рускиот претседател Владимир Путин. Оттогаш, тој стана еден од најгласните критичари на Кремљ.
Телото на Березовски беше пронајдено од негов вработен на подот на купатилото во неговиот луксузен дом во Англија. Вработениот повикал брза помош, откако сосила ја отворил вратата од купатилото, која била заклучена одвнатре. Полицијата вели дека вработениот бил единствената личност во домот на Березовски, кога било откриено телото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1