Умира – а не ја симнува насмевката од лице (Видео)


500kejtlin1

Да оди на матура, да ја посети Италија, да положи за автомобил… Ова се желбите на 14- годишната девојка која знае дека и преостануваат само уште неколку месеци живот, а сепак не ја трга насмевката од лицето.

Кејтлин Норман од Тенеси веќе две години се бори со остеосарком, агресивен рак на коските, а лекарите минатата недела ја известиле дека болеста се проширила кон срцето, артериите и ‘рбетот и дека тие не може да и помогнат.

Сепак, 14-годишната Кејтлин не дозволува тоа да и го уништи времето што и останува. Храбрата тинејџерка одлучила да направи листа на работи кои сака да ги направите пред да почине, а нејзините родители, пријатели и соседи и помогнале да исполни една од нејзините желби и да отиде на прославата за матурата.

500katelyn-norman2500kejtlin

500katelyn-norman41

Приказната за Кејтлин се рашири на социјалните мрежи, а многумина сакаат финансиски да му помогнат на семејството што е можно побрзо за таа да ги исполни сите желби.

Нејзината мајка, Ерика Нелсон, се надева дека Кејтлин ќе успее да ги направи повеќето работи од листата пред да умре.

-Таа не дозволува да ја погоди тоа што го велат докторите.

Има став кој гласи „Јас сум Кејтлин, ќелава сум и убава и ќе го пребродам ова“, раскажува нејзиниот пријател Брендон.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1