Дајте пари или ќе ги заразиме вашите пијалоци со фекалии – закани до Ред Бул


redbull-coupons

Австрискиот концерн „Ред Бул“ е изложен на уцени од страна непознати лица, кои се закануваат дека неговите производи ќе ги загадат со фекални бактерии, доколку компанијата не им плати одредена сума пари.

 Концернот добил две заканувачки писма, пишува виенскиот весник „Курир“. „Ред Бул“ кој потврди дека добил заканувачко писмо, не сакаше да го коментира постоењето на второ писмо поради истрагата која е во тек.

Државното обвинителство на Салцбург покрена истрага против непознати лица поради сомнеж на обиди за уцена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1