Холивудскиот актер Брус Вилис изразил желба да го игра негативецот во новиот филм за Џејмс Бонд.
Очигледно на вечниот супер филмски херој му здосадило да го спасува светот па сака да има малку и улоги на лошо момче. Изјавил дека секогаш мислел како е забавно да се глумат лоши момци. И актерот од серијата „Доктор Ху“ Мет Смит рекол дека со задоволство би ја прифатил улогата на негативец во новиот филм за Бонд кој би требало да се појави во следните три години. Даниел Крег повторно ќе го игра славниот агент, додека името на режисерот сеуште не е познато.