Фејсбук додаде нова опција во коментарите на корисниците на социјалната мрежа, овозможувајќи директен одговор на коментар оставен на нивниот профил.
По неколкумесечно тестирање социјалната мрежа со новата алатка планира да го олесни комуницирањето на корисниците. Опцијата за одговорот ќе биде достапна под секој коментар поединечно.
Исто така, предвидено е давање приоритет на коментарите врз основа на ангажманот, така што најактивните и најпопуларните ќе бидат на врвот. Ова е собено корисно на страниците кои имаат илјадници корисници што ги следат и коментираат.
– Промените овозможуваат директна комуникација со одделни корисници, додека приоритетното позиционирање на активните и популарните коментари на врвот овозможува корисниците на страницата да го видат најдоброто и најактуелното, се наведува во соопштението на Фејсбук.
Промената моментално функционира само за Фејсбук страниците, но не и за профилите. Фејсбук ќе ја направи опцијата достапна и за сите корисници со над 10.000 фанови во 10 јули, но и можност таа да се исклучи доколку тоа го сака корисникот. Во блиска иднина опцијата ќе биде достапна и на апликацијата за мобилни телефони.