Посетителите на една од главните туристички атракции на француската престолнина Париз, беа евакуирани во саботата навечер по добиена анонимна закана за поставена бомба, објавија локалните медиуми.
Според порталот Express.fr била започната околу 19 часот по локално време (20 часот по македонско време).
Неидентификувана група соопштиле дека експлозијата во Ајфеловата кула ќе се случи во 21.30 часот по локално време (22.30 часот по македонско време).
Ајфеловата кула е изградена по налог на француската влада за светската изложба во Париз во 1889 година според проектот на инженерот Густав Ајфел и била највисоката зграда во светот во тоа време. Првично било планирано кулата да стои 20 години, а потоа да биде размонтирана, бидејќи во тоа време на повеќето парижани не им се допаѓал нејзиниот изглед, но со текот на годините таа стана симбол на францускиот главен град. Ајфеловата кула ја посетуваат околу шест милиони посетители годишно