Белите рози имаат најголема моќ за апсорбирање на тешките метали од животната средина, за разлика од жолтите, црвените, розовите, објаснуваат надлежните од Министерството за животна средина во контекст на кампањата на Градот и скопските општини за засадување на ова растение во што поголем број во жардиниерите низ метрополата.
Акцијата почна пред десетина дена, а ќе трае во следните 4 до 5 години а ќе се засадат половина милион бели рози на јавните зелени површини. Таа активно цути 200 дена, а климата во Скопје е погодна за нејзино одгледување
Од Министерството и од локалните самоуправи апелираа до граѓаните што повеќе да садат цвеќиња и рози во своите бавчи или на балконите за да има повеќе кислород во градот.