Најновото истражување на универзитетот во Абертсвит покажа дека Вилијам Шекспир бил бескрупулозен земјопоседник и деловен човек, кој се збогатил во време кога во земјата владеел глад и понекогаш го прекршувал законот.
Академиците од универзитетот во Велс ги проучиле историските архиви во потрага по детали за животот на овој автор на познати драми и утврдиле дека тој во паралелниот живот бил трговец и земјопоседник кој заради деловната пракса понекогаш бил во судир со законот.
Академиците сметаат дека Шекспир не може во целост да се разбере се додека не се истражи неговиот живот како деловен човек во ера на сиромаштијата во која живеел.
Властите го прогонувале заради затајување данок, а во 1598 година бил и кривично гонет бидејќи во своите силоси складирал жито во време на негов недостаток во земјата, пренесоа американските медиуми.
Истражувачката Џејн Арчер изјави дека овие аспекти се запоставени затоа што многумина „не можат да ја прифатат идејата дека еден таков креативен гениј бил мотивиран со лични интереси“.