Седум совети за да го заштитите детето од дрога и од алкохол


33335-0407_alkohol__Сите различно ја доживуваат адолесценцијата, но не се ретки случаите децата да се отргнат од контрола и да скршнат од правиот пат. Родителите се соочуваат со бегање од училиште, лоши оценки, незаинтересираност и лоши навики, како што е пушењето и злоупотребата на алкохолот и опојните супстанци и тогаш треба да им помогнат на детето.

Седум совети како да се спречи детето да користи опијати односно да му помогнете да ги остави.

1. Соочете се со проблемите без колебање

Доколку го фатите вашиот тинејџер на дело или се сомневате дека пие алкохол или користи која било дрога немојте да чекате туку веднаш дејствувате. Најдобро е веднаш да разговарате, бидејќи кај младите пред 20 година големи се шансите да се развие зависност.

2. Превентивно разговарајте

Разговарајте со децата за проблемите со алкохолот и дрогата додека се мали. Се препорачува дека со разговор треба да се почне додека децата се на возраст од осум до 10 години. На тој начин подобро и подлабоко ќе влијаете врз детето.

3. Определете ги јасните граници и очекувања

Поголемиот број адолесценти знаат дека нивните родители не го одобруваат користењето на дрога и оти би биле разочарани доколку дознаат за тоа. Но, многу родители се колебаат да разговараат за таа тема иако на тој начин можат да ги спречат децата од употребата на дрога. Неопходно е родителите да постават правила и да ги одредат последиците од кршењето на истите. Покрај тоа родителите треба да бидат пример за децата.

4. Бидете позитивни

Понекогаш е подобро да се занемарат негативните аспекти на конзумирањето и честите предупредувања за последиците. Размислувајте позитивно. Сепак, голем број на млади лица никогаш немале контакт со било кој опијат.

5. Изградете силни емоционални врски

Децата кои имаат ментални проблеми или потешкотии во контролирањето на своите емоции почесто посегнуваат по алкохол и дрога. Потребно е да им се даде емоционална и семејна поддршка. Истражувањата покажале дека децата кои поретко вечераат во кругот на семејството (помалку од трипати неделно) најверојатно ќе користат опијати.

6. Потенцирајте ги проблемите од реалниот живот

Наведете примери со лоши последици од употребата на алкохол и на дрога. Уште подобро ако тој пример е од семејството или од кругот на пријатели.

7. Разговарајте за тоа како за здравствен проблем

Исклучително ефикасно може да биде истакнувањето на зависноста како здравствен проблем. Разговарајте за тоа како за кој било проблем. 

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1