Обвинетиот лекар за смртта на Мајкл Џексон си запеа во затвор (Видео)


Конрад Марej запеаа од затворската ќелија во бизарното прво интервју од кога е осуден за убиството на Мајкл Џексон.

Во моментот кога мајката и децата на Мајкл Џексон започнаа парница тешка 31 милјарда евра во случајот кој би можел да фрли ново светло за смртта на Кралот на попот, докторот Марej, кој служи четиригодишна затворска казна за убиство од небрежност, даде долго интервју за „CNN“.

conrad-murraymichael-jackson

Во интервјуто кое го водел Андерсон Купер, докторот зборувал за смртта на пејачот, нивното пријателство, судењето и односот со децата на Мајкл.

Семејството тврди дека промотерската куќа „AEG Live“, која била организатор на повратничкиот концерт на Џексон во Британија, постапила негрижливо кога наводно го ангажирала и надгледувала доктор Конрад Марej.

Иако Марej не давал изјави на сопственото судење, рекол дека „многу искрено“ ќе сведочи во парницата против „AEG Live“.

„Многу е тажно кога гледам што се случува, бидејќи знам дека Мајкл би бил многу вознемирен поради сето ова. Ми рече: – Не сакам повеќе да бидам банка за своето семејство. А, ние сме и понатаму сведоци на тоа“, рекол докторот Мари.

Потоа докторот ја запеал „The Little Boy That Santa Claus Forgot“ на Нејт Кинг Кол и рекол дека и тој и Мајкл искусиле болка. Тој вели дека со децата на Џексон има прекрасен, благословен однос.

„Парис, Принц и Бланкет ми се како родени деца. Ги сакам и се грижам за нив. Сигурен сум дека во фамилијата има многу пијавици кои ќе се обидат да извлечат најмногу што можат, но се надевам дека децата нема да бидат жртва на тоа“, додал Марej.

Во продолжението на интервјуто, докторот тврдел дека е невин и дека бил „на погрешно место во погрешно време“. Во неколку моменти адвокатката на Мареј го спречувала да каже нешто повеќе, бидејќи моментално се размислува за жалба на пресудата.

prince-paris-blanket-jacksonАдвокатката на децата на Џексон и мајката, Кетрин (82) тврди дека ќе ја открие вистината за она што му се случило на Мајкл, како и она „што AEG се обидувале да го скријат од јавноста од дента на смртта на Мајкл“. Семејството бара 7.7 милиони евра поради загубата од потенцијална заработка од Џексон и речиси 23.5 милјарди евра за други оштети.

„AEG“, која демантира било каква одговорност за смрта на Кралот на попот, вели дека оваа голема цифра е заснована на шпекулации и дека кариерата на Џексон била во опаѓање. Адвокатот на компанијата вели дека за време на судењето, кое ќе трае два до три месеци, ќе ја гради одбраната врз основа на зависноста на Џексон од лекови која, на крајот, го довела до смрт и за која самиот бил одговорен.

Тие веројатно ќе споменат и разни доктори од листата на Мајкл за „шопинг на лекови“, како и обвиненија за злоупотреба на деца.На судењето на Конрад Мареј беше откриено дека докторот добивал по 100.000 евра месечно за да му помогне на Џексон да биде подготвен за настапи во лондонската О2 арена, но „AEG“ ќе се брани дека Мареј бил ангажиран од Мајкл, а не од промотерот.

Правните експерти тврдат дека семејството Џексон тешко ќе добие толку милјарди оштета и дека цифрата е „надувана“ за да привлече што поголемо медиумско внимание.

Прв дел од интервјуто на Конрад Мареј

Втор дел од интервјуто

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1