Фејсбук годинава само од реклами ќе си лапне 1 милијарда


 Приходите на социјалната мрежа „Фејсбук“ од реклами за оваа година ќе достигнат речиси една милијарда долари, објави компанијата „ИМаркетинг“.

facebookКомпанијата вчера објави дека во 2013 година приходите на социјалната мрежа од реклами за мобилни телефони и таблети ќе достигнат 965 милиони долари само во САД. Тоа е околу два и пол пати повеќе од 391 милиони долари приходи за минатата година, кога „Фејсбук“ почна со реклами за мобилни уреди.

Прогнозата доаѓа непосредно пред „Фејсбук“ да стартува нов производ за оперативниот систем Андроид. Се претпоставува дека продуктот ќе биде за мобилни телефони на корпорацијата „Ејч Ти Си“.

Моментално „Фејсбук“ се наоѓа на второ место по „Гугл“ во мобилно рекламирање, но многу е веројатно дека за брзо време ќе го надмине Интернет пребарувачот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1