Такси компанијата Коммак-Комерц на денот на изборите, седми април, ќе ги вози бесплатно граѓаните кои ќе се јават од девет до 11 часот в недела.
“Ги известуваме граѓаните од Град Скопје дека во недела на денот на локалните избори од девет до 11 часот ќе можат бесплатно да ги користат такси услугите на радио такси Коммак-Комерц на повик на телефонскиот број 151-93 од своите домови до гласачките места“, велат од компанијата.
Од компанијата очекуваат во тој период да добијат околу 1.000 повици од граѓани на кои им е потребен превоз и притоа да превезат повеќе од 1.600 гласачи.