Познатиот светски бренд за облека Зара во сопственост на шпанскиот Индитекс се најде среде скандал кога аргентиските власти упаднаа на три фабрики на Зара во земјата минатата недела.
Во фабриките биле затечени ужасни услови за работа, возрасни заедно со своите деца робови работеле заедно 16 часа на ден без било каков одмор.
“Откривме возрасни мажи и деца од Боливија кои живееле во истата област во која и работеле. Тие не се регистрирани никаде а живееле во ужасни услови. Немаат никакви документи и а тука седеле против нивната волја”, изјави Хуан Гомез Центурион, раководител на Аргентинската држава инспекција.
Oва е 2 пат Зара да е во центарот на ваков скандал. Во Сао Паоло во Бразил во 2011 беа пронајдени боливијци кои работеле во нехигиенски услови по 12 часа дневно за плата од 70 евра месечно. Зара тогаш се извини и плати казна околу 200.000 евра.