“Македонците го прават тоа што најдобро го знаат- крадат историја” – велат Бугарите


Бугарскиот весник “Блиц” веднаш излезе со статија посветена на новите споменици поставени во Скопје. Според нив, македонските власти повторно ставаат бугарски револуционери, кои ги претставуваат како македонски

vasil_spomenik-Наместо да се занимаваат со актуелните внатрешни проблеми, властите во Македонија се занимаваат со тоа што најдобро го знаат- крадењето на историјата. Навечер, во центарот на Скопје беше монтиран споменик на револуционерот Васил Чакаларов. Скулптурата покажува маж на коњ со револвер. Нејасно е зошто во време кога Албанците во Струга ја празнуваат победата на локалните избори, тие си поставуваат споменици- пишува бугарскиот весник Блиц

Единствено во македонските медиуми, Чакалов е македонски револуционер. Вистината е дека тој учествувал во Илинденското востание и балканските војни, но никогаш не рекол дека е Македонец.
Весникот алудира дека споменикот е поставен рано утрото во три часот, затоа што Владимир Тодоровиќ ги изгубил изборите.
Понатаму весникот пишува “Друг Бугар кој е поставен е Христо Узунов. Тој не е на коњ, тој држи пушка во рацете”.
-Повторно македонските медиуми тврдат дека и тој бил нивни херој- завршува статијата на весникот.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1