Еден тинејџер порасна преку ноќ за неверојатни 12, 7 сантиметри, благодарејќи и на операцијата со која му бил исправен рбетот.
14 годишниот Харви Лег пател од сколиоза , односно крив рбетен столб , искривувањето на рбетот било толку сериозно што можело да ги згмечи виталните органи на овој тинејџер.
По лекарските прегледи во Детската болница во Шефилд ,лекарите утврдиле дека е потребна операција на рбетот кај 14 годишниот Лег. По хируршкиот зафат младото момче 2порасна “ за 12,7 сантиметри буквално преку ноќ, а искривувањето на рбетот е намелено од 90 на само 20 степени. По успешната операција во Шефилд неговата мајка Клер Вокер изјави :
„ Многу ми е убаво кога го гледам вака висок. Кога ги видов снимките од рендген пред и по операцијата , не можев на поверувам. Лекарите направија одлична работа.
При операцијата во рбетниот столб на Харви била вградена титаниумска шина.