Близнаковски бил приведен поради закани кон советничката што премина во ВМРО-ДПМНЕ


Слободан Близнаковски од ВМРО-НП бил приведен поради сериозни закани кон советничка од Велес.

slobodan bliznakovski vmro npСиноќа околу 22 часот во просториите на ВМРО Народна партија во Велес, координаторот на изборната единица 3 и член на Извршниот одбор на ВМРО Народна партија, Слободан Близнаковски, упатил вербални закани кон советничката во општина Велес Рајна Стојанова, пишуваПресс24.

Советничката била жртва на закани уште претходниот ден кога освен Близнаковски, во нејзиниот дом и се заканувало и лицето Зоран А. Полицијата, според извори на Пресс24 против двајцата ќе поднесе кривични пријави.

Слободан Близнаковски ги демантира нејзините тврдења и вели дека воопшто не и се заканил.

Тој најави дека со советничката од Велес ќе ги расчисти сметките на суд и додаде дека во полициска станица го држеле два часа, па дури потоа му дозволиле да повика адвокат. Исто така, потенцира Близнаковски, во станицата го испрашувала тричлена комисија, која допатувала специјално од Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1