Груевски: За секое решение ќе ги консултирам граѓаните


gruevski_pismo_nato_g-copy2-630x472На прашањето дали чувствува притисок за можно решение за името, Груевски потенцира оти не може да каже дека гледа некој притисок, затоа што, истакна, „сум навикнат на многу поголеми притисоци од тоа што вие очигледно го гледате како притисок“.

– Станува збор  засега за шпекулации, а јас не би навлегувал во шпекулации. Ова е премногу сериозно прашање за да  навлегуваме во шпекулации, појасни премиерот одговарајќи на новинарското прашање дали можното решение за прашањето за името е Горна Република Македонија.

Нагласи дека не може да прејудицира и за тоа дали е можно брзо решавање на прашањето за името.

Она што е моја задача е да отворам очи, да внимавам што правам и секако за секое сериозно односно крупно решение да го консултирам народот и граѓаните на Република Македонија, рече претседателот на Владата на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1