На судијата во државата Мичиген во САД, Рејмонд Воет, за време на заседавање на поротата му заѕвонил мобилниот телефон. Бидејќи секогаш бил многу строг кога некому тоа ќе му се случело, решил самиот себе да се казни
Казната во висина од 25 долари веднаш ја платил.Воет, кој во својата кариера многу остро ги осудувал лицата на кои им ѕвонел мобилниот во судница, донесе одлука да се казни самиот себе, поради непочитување на судот.
-Доколку не би живеел по правилата кои сам ги воспоставувам, не би имал ни право да ги воспоставувам- изјави судијата, коментирајќи ја својата постапка.