Дваесет и пет работници од германска фабрика се примени на интензивно одделние во локална болница, откако јаделе земички, во кои имало отров за глувци.
Работниците на влезот во фабриката нашле ќеса со земички, на која имало белешка дека е тоа подарок за персоналот. Откако изеле дел од земичките, работниците во нив забележале чудна содржина. Неколкумина од нив веднаш отишле во локалната болница каде изјавиле дека се сомневаат дека се отруени.
Од службата за итна медицинска помош под итно во болница ги однеле и останатите работници.
Неизедените лепчиња биле испратени во берлинската болница „Шарите“. Тестирањата покажале дела сомнителната супстанца во нив е отров, користен за уништување глувци и стаорци.
Досега ниту еден од 25-те работници не покажал симптоми на труење, но сите тие ќе останат на интензивното одделение за натамошно набљудување, во случај отровот да има бавно дејство, посочи полицијата која истражува кој и зашто би можел да го остави „подарокот“ и дали такви лепчиња не се оставени и на други места.