Синоќа од една семејна куќа на улицата „Крушевска Република“ во Струмица, избувна пожар од каде беа зафатени уште три кровни конструкции на куќи кои се една до друга.
Информацијата за Радио Струмица Нет ја потврди командирот на Струмичката противпожарна единица, Мијалчо Крстев.
Во пожарот нема повредени, само е причинета материјална штета. Во акцијата на гаснење на пожарот биле ангажирани две противпожарни возила со 9 пожарникари, јавува порталот.
Надлежните служби дополнително ќе ја утврдуваат причината за пожарот и материјалната штета.
Фото: Strumicanet