Уапсен озлогласен педофил – најбаран криминалец по бин Ладен (Видео/Фото)


Американецот Ерик Џастин Тот, осомничен за злоставување и порнографско снимање на деца, е упасен во Никарагва, објави ФБИ.

tot3

Тот е меќу десетте најбарани криминалци на списокот на ФБИ. Тот бил учител во основно училиште во Вашингтон, а разоткриен е во 2008 година кога е пронајден апарат кој тој во користел во кој имало порнографски фотографии од деца.

tot1Од училиштето е исфрлен во јуни 2008 години, кога другиот учител пријавил дека во компјутерот на Тот видел сексуално експлицитни фотографии снимени со школската камера. Тот потоа исчезнал, а ФБИ тргна  во потрага по него.

На листата на најбараните бегалци го замени убиениот водач на Ал каеда Осама бин Ладен,  а за информација за него ФБИ нудеше 100.000 долари.

Тот во понеделникот е уапсен во Никарагва, близу границата со Хондурас и ќе им биде предаден на американските власти.

tot2

– Тот ќе биде веднаш предаден на САД, бидејќи илегално престојувал во нашата земја. Фатен е во населбата Панама Соберана во Естела, и при тоа дал отпор – изјавија од полицијатс.

Тот веднаш по конференцијата за печат им е предаден на агентите на ФБИ, а во САД ќе биде префрлен со посебен авион. Може да биде осуден на затворска казна од 15 до 30 години. Овој педофил им предавал на третоодделенци од основното училиште Бовуар.

Списокот на најбарани криминалци прв пат е објавен 1950 година и до денешен ден на него биле 495 луѓе, од кои уапсени се 465.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1