Париските катакомби, кои се отворени за јавноста, се едни од најмистериозните атракции во градот. Стотици метри под скалила на кои не им се гледа крајот, преку безброј тунели и простории, се крие куп од черепи и коски.
Токму така под градот Париз постои паралелен град – впрочем и долу има улици кои го носат истото име како улиците на површината. Безброј преплетени мали темни ходници од кои кожа се ежи. Но се чини токму таа мистерија ги привлекла млaдите па ова место станан синоним на лудите, препосетени журки – нелегални се разбира.
Тунелите под Париз бсе создадени во 12-тиот век. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да го означи како улицата која се протега над него.
Низ годините, катакомбите биле користени и од луѓето на Париз. Не биле само место каде биле оставени безброј мртви тела откако гробиштата биле преполнети. Овде се криеле и германските и француските војници во текот на Втората светска војна.
Кога во 1955 година станало илегално да се спушта по катакомбите, француската полиција пуштила посебна група на полицајци која ќе патролира низ подземниот лавиринт.
Служеле како чувари на подземјето, и како спасители на децата и туристите кои скитале во катакомбите без мапа, па често се губеле и беспомошно се труделе да го најдат излезот.
Сега, катакомбите се место во кое е создаден еден таен свет, полн со мурали, скулптури, кина, барови, и начин преку нив да се набљудува и учи историјата на Париз.
Во 2004 година, полицијата пронашла вчудовидувачка мала населба под Париз – кино чии седишта се издлабени во камењата на катакомбите, и бар кој сосема добро функционира!
Создавачите на овој подземен театар дури и краделе струја од станбените згради на површината над катакомбите. Непотребно е да се каже дека на нивната илегална „градба“ веднаш и’ било спречено работењето, но не била полицијата таа која го спречила тоа. „Населбата“ мистериозно исчезнала пред полицијата да пристигне.
Кога полицијата се вратила следниот ден за да го уапси мистериозното подземно општество, се било демонтирано, а оставен бил само знак на кој пшувало „Не се обидувајте да не’ најдете“.
Денес, има неколку групи кои посветиле години од својот живот за одржувањето и разубавувањето на подземните патеки на Париз.
Од скали изрезбани во камен, до статуи на лавови и масивни фонтани, катакомбите на Париз не се само „кралството на мртвите“ и место на кое се складирани купишта коски од минатото, туку и засолниште за уметниците, авантуристите, и оние кои сакаат да побегнат од монотонијата и секојдневието на општеството во кое за нив нема место.
Извор – Точка