Му дале 1000 евра повеќе по грешка во менувачница – ги вратил


Србин од  Белград  отишол во  менувачница да размени пари. Требало да плаќа нешто поголема сума па менувал околу 9.000 евра, но вработената кога му броела пари во динарска противредност по грешка му дала 1.000 евра повеќе.

menjacnicaЧовекот си ги зема парите и излезе. Но тогаш жената ја увидела грешката и ја фатило паника, го викнала газдата, истрчале надвор но човекот си бил заминат. Утредента тој сам се појавил на вратата во менувачницата.

Рекол дека не ни забележал дека има повеќе пари се додека не го платил она што требало и увидел дека му останале многу повеќе пари. Тогаш решил да ги врати бидејќи претпоставувал дека кутрата вработена ќе мора да ги враќа.

Газдата бил пресреќен, а богами и вработената која ја направила грешката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1