Кендра Спирс с- Американскиот модел ќе стане принцеза – ќе се мажи со 41-годишниот Принц Рахим Ага Кан.Веридбата ја објави Ага Кан во соопштение на својот веб-сајт, иако не е познат датумот на свадбата, медиумите шпекулираат дека 24-годишниот модел и принцот наскоро ќе го кажат судбоносното „да“!
Инаку, 24-годишната Кендра, е родена во Сиетл, ја нарекуваат „новата Синди Крафорд” се појавила во кампањи за Дајан фон Фурстенберг и Прада, а носела облека од Келвин Клајн, Шанел, Ив Сен Лоран и Живанши.
Нејзиниот иден сопруг студирал бизнис на американскиот Универзитетот Браун и Навара во Барселона.
Кендра, која најверојатно ќе се преобрати во исламот пред свадбата ќе влезе во семејството со долгогодишна традиција на убави невести, пишува Mail Online.
Денешен