Почина основачот на продавниците „се за 99“ – заработи милиони


Дејв Голд, основачот на продавниците “се за 99” почина на 80 години како милијардер.

gold-500Голд го измисли концептот на продавниците “се за 99”, а првата продавница ја отворил во 1982 год. кога имал 50 години и од тогаш низ Америка отворил преку 300 продавици од Тексас до Калифорнија и заработил огромно богатство.

Тој во интервјуто за Тајмс во 2003-та рекол дека додека работел во  дуќанот на неговиот татко за алкохолни пијалоци открил дека бројот 99 е помагичен од 98 центи или 1, 02.

“Кога ставав на било што цена од 99 центи се одеше како алва. Мислев дека е забавно да има дуќан во кој се ќе биде со добар квалитет, а се да биде по 99 центи”, објаснил Голд како ја добил идејата која го претворила во милијардер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1